Украина е оставена сама, светските сили оддалеку ја следат ситуацијата, изјави претседателот на Украина Владимир Зеленски.

„Утрово сами си ја браниме државата, исто како вчера. Најмоќните сили во светот гледаат од далеку. Дали вчерашните санкции ја убедија Русија? Слушаме и гледаме дека тоа не е доволно“, рече Зеленски во видео-обраќање на Телеграм.

Тој исто така рече дека порано или подоцна ќе мора да започне дијалог меѓу Русија и Украина за да се запрат воените операции, пренесе Спутник.

Прикажи повеќе