Во нападот на руските бомбардери со долг дострел врз трговскиот центар во Кременчук загинаа најмалку 18 лица, а 60 се повредени. Додека спасувачките тимови трагаат по исчезнатите, преживеаните раскажуваат за ужасот.

Advertisements

“Прозорите се скршија, јас паднав и околу 10 или 15 минути подоцна имаше нова експлозија. Беше ужасно“, рече Катерина Ромашина, сведок.

“Тоа беше вистински терор, чист ужас. Немам зборови. Ужасно беше“, рече Олександра Холоскок, сведок.

Украинското обвинителство тврди дека бомбардирањето на цивилната инфраструктура е злосторство против човештвото.

“Она што го гледаме е апсолутно јасно, дека тоа е цивилен објект и тие ја бомбардираа цивилната инфраструктура. Повторно и повторно. Се работи за прашање на злосторства против човештвото“, изјави Ирина Венедиктова, генерален обвинител на Украина.

“На прв поглед, ова изгледа како воено злосторство, изгледа како намерен напад врз цивилен објект“, рече Вејн Џордаш, адвокат.

Украинскиот претседател Зеленски ја нарече Русија најголема терористичка организација во светот.

“Секој во светот треба да знае дека купувањето или транспортот на руска нафта, поврзувањето со руска банка и плаќањето на руската држава значи давање пари на терористите“, изјави Володомир Зеленски, претседател на Украина.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека Русија го извршила нападот, но смртоносниот пожар бил предизвикан од експлозијата на муниција која се наоѓала внатре./Alsat.mk

Шкелзен Аќифи