Новинарите на Би-Би-Си утрово се сретнаа со украинскиот претседател, на 50-тиот ден од руската агресија. По бројните безбедносни проверки и долгата прошетка низ затемнетите ходници на утврдената владина зграда во главниот град, придружувани од вооружени чувари, новинарите на британските медиуми пристигнаа во собата на претседателот.

На почетокот на интервјуто, Зеленски му се јави на францускиот претседател Емануел Макрон, но тој не го прекина разговорот со британските новинари.

„Ќе морам да ви се јавам подоцна, јас сум со Би-Би-Си“, рече тој, додавајќи дека тие двајца се пријатели.

„Интеракциите со премиерот на Британија, Борис Џонсон и американскиот претседател Џо Бајден се поформални “, рече Зеленски, потенцирајќи дека е благодарен за нивните испораки со оружје.

Најважната точка на разговор за Зеленски беше информацијата дека европските земји продолжуваат да купуваат руска нафта, од која Русија заработува милијарди евра секоја недела. „Купувачите ги заработуваа своите пари од туѓа крв“, рече тој.

Кога интервјуто заврши, Зеленски им се заблагодари на сите во собата и објасни дека мора да продолжи.

Тој имаше многу работа во одбрана од руската агресија која продолжи и денес со бомбардирања кои предизвикаа жртви и материјална штета.