Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика глобалните лидери да обезбедат одбранбена помош за Украина и да помогнат во заштитата на нејзиниот воздушен простор од руска агресија.

Изјавата дојде во време на широкиот напад на Русија врз Украина, кој започна рано изутринава.

Зеленски прогласи воена состојба, велејќи дека Русија е насочена кон воената инфраструктура на Украина.

Украинците кои долго време се подготвуваа за можноста за напад, беа повикани да останат дома и да не паничат дури и кога украинските власти објавија артилериски бараж и воздушни напади врз цели низ земјата.

Прикажи повеќе