Украинскиот претседател, во видео обраќање на Катарскиот форум во Доха, ја повика оваа земја богата со енергија и другите да го зголемат своето производство за да ја надоместат загубата на руските енергетски резерви. Зеленски како и досега од почетокот на војната апелираше до Обединетите нации и светските сили да му помогнат.

„Тие ни ги уништуваат пристаништата. Недостигот на извоз од Украина ќе им зададе удар на земјите ширум светот“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Загубата на украинската пченица веќе ги загрижи земјите од Блискиот Исток како Египет, кој се потпира на тој извоз“. Зеленски ги повика земјите да го зголемат извозот на енергија – како особено важно бидејќи Катар е светски лидер во извозот на природен гас. Тој ја критикуваше Русија за, како што рече, закана за светот со нејзиното нуклеарно оружје, зголемувајќи ја можноста за користење тактичко нуклеарно оружје на бојното поле.

“Ве молиме зголемете го производството на енергија за Русија да разбере дека оваа земја не може да ја користи енергијата како оружје за да му се заканува на светот. Русија се фали дека може нуклеарно оружје да уништи, не само одредена земја, туку и целата планета“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Украинскиот претседател рече дека преговорите со Русија треба да бидат разумни, додека суверенитетот на Украина треба да се гарантира.

Арта Тахири

Прикажи повеќе