Говорејќи пред Советот за прв пат откако Русија ја нападна Украина, украинскиот претседател рече дека руските војници убивале цивили и силувале жени, при што ја обвини Русија за геноцид и прикажа едноминутно видео со снимки од убиени цивили во неговата земја

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се обрати пред Советот за безбедност на ОН, при што на самиот почеток рече дека говори во име на жртвите на руската инвазија.

Говорејќи пред Советот за прв пат откако Русија ја нападна Украина, тој рече дека руските војници убивале цивили и силувале жени, при што ја обвини Русија за геноцид.

Тој започна од Буча и потоа ги набројуваше злосторствата за кои тврди дека руските сили ги извршиле за време на инвазијата.

Зборувајќи пред Советот за безбедност на ОН преку преведувачи, тој рече дека во градот Буча, чии грозоморни снмки го обиколиј светот „нема ниту едно злосторство што не е извршено“.

Тој тврди дека луѓето биле убивани на улица, во нивните домови, фрлани во бунари и газени од тенкови на сред пат „само од задоволство“, за што прстот го посочи кон руските војници.

Тој го повтори своето тврдење дека дејствата на Русите наликуваат на терористичката група Исламска држава и дека пропагандата на претседателот Путин се обидува да ја „извезе“ сопствената омраза во други земји надвор од Украина.

„Каде е обезбедувањето што треба да го испорача Советот за безбедност. Каде е мирот? Каде се тие гаранции што ОН треба да ги гарантираат?“, праша Зеленски.

Тој вели дека светот допрва треба да види какви воени злосторства може да извршила руската војска во другите делови на Украина, покрај оние во Буча.

„Географската положба може да биде различна или разновидна, но суровоста е иста, злосторствата се исти и одговорноста мора да биде неизбежна“, вели тој.

Претседателот Зеленски бара Русија да се соочи со одговорност, велејќи дека треба да биде изведена пред меѓународен трибунал сличен на оној во Нирнберг по Втората светска војна.

„Масакрот во Буча е само еден пример за многу од она што Русија го правеше во изминатите 41 дена“, вели Зеленски.

Светот допрва треба да ја дознае целосната вистина, додаде тој и ја доведе во прашање улогата на Русија во ОН, велејќи дека инвазијата ја „поткопува“ целата архитектура на глобалната безбедност.

Тој го повика Советот да ја исфрли Русија од Советот за безбедност.

Зеленски упати и критики кон Советот за безбедност, истакнувајќи дека ако не може да најде начин да помогне да се запрат акциите на Русија во Украина, тој треба да се „распушти“, бидејќи тоа докажува дека, како што рече „не можете ништо да направите освен разговор“.

Неговиот говор беше поздравен со аплауз, по што, по мли технички пречки беше емитувано видео од Украина- на едно минутната видео-снимка се прикажуваа фотграфии на мртви Украинци – вклучувајќи изгорени и изобличени тела.

Згрозеност и барање Русија да биде исфрлена од Советот на ОН за човекови права

Дама Барбара Вудворд – претставник на Велика Британија во Советот, која веше на позицијата претседател на Советот – му се заблагодари на Зеленски што го сподели видеото со коментар:

„Сликите се потресни“.

„Зборувајќи во името на мојата нација, ние сме згрозени од она што го видовме и ја повторуваме нашата солидарност со Украина“, додава таа.

САД го повторија своето барање Русија да биде суспендирана од Советот за човекови права на ОН – велејќи дека Вашингтон „проценил“ дека во Украина се извршени воени злосторства.

Линда Томас-Гринфилд, американската амбасадорка во ОН, му рече на Советот за безбедност дека Русија не треба да има позиција на авторитет во тело чија цел е да промовира почитување на човековите права.

Таа рече дека руското учество го „повредува“ кредибилитетот на Советот за човекови права, по „неиспровоцираната војна и хуманитарната криза“.

Осврнувајќи се на говорот на украинскиот претседател Володимир Зеленски Томас-Гринфилд рече:

„Ние стоиме со народот на Украина додека се соочувате со овој брутален напад врз вашиот суверенитет, вашата демократија и вашата слобода“.