Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, по посетата на јужните градови Одеса и Миколаев, изјави дека „никому нема да го дадеме југот, ќе вратиме се што е наше и морето ќе биде украинско и безбедно“. Тој, исто така, ја осуди руската блокада на украинските пристаништа.

Advertisements

„Загубите се значителни. Многу куќи беа уништени, цивилната логистика беше нарушена, има многу социјални прашања. Мора да вратиме се што беше уништено. Русија нема толку проектили колку што сака да живее нашиот народ“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Во меѓувреме, британскиот премиер Борис Џонсон и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ги предупредија западните сојузници да се подготват за долго „патување“ во Украина, бидејќи руските сили ги засилиле нападите врз украинските позиции на истокот на земјата.

Предупредувањата на Џонсон и Столтенберг дојдоа откако Зеленски ги посети линиите на фронтот во јужните региони на Миколаев и Одеса. Генералниот секретар на НАТО Столтенберг повика на континуирана поддршка за Украина, изјавувајќи  дека снабдувањето со најново оружје за украинските војници ќе ја зголеми можноста за ослободување на источниот регион Донбас од руска контрола.

„Мораме да се подготвиме за фактот дека војната може да потрае со години. Не смееме да се откажеме од поддршката на Украина, иако трошоците се високи, не само за воена поддршка, туку и поради зголемените цени на енергијата и храната“, рече Јанс Столтенберг, генерален секретар на НАТО.

На бојното поле, украинската армија извести за засилени напади во источните градови Харков и Северодонецк./Аlsat.mk

Шкелзен Аќифи