Украина ги задржува своите позиции додека не пристигнат уште западни оклопни возила пред да ја започне својата долгоочекувана контраофанзива, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервјуто за британскиот радиодифузер Би – Би – Си, објавено на 11-ти мај.

„Со [она што го имаме] можеме да одиме напред и да бидеме успешни, но би изгубиле многу луѓе. Мислам дека тоа е неприфатливо. Треба да причекаме. Ни треба уште малку време“, вели Зеленски во интервјуто.

Украинските сили веќе добија доволно опрема од западните сојузници, но дел од ветените оклопни возила се уште пристигнуваат. Тој рече дека ако уште малку ги почекаат возилата, ќе значи намалување на жртвите.

Прикажи повеќе