Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги повика Евреите ширум светот да го кренат својот глас откако руски проектил погоди телевизиска кула во Киев. Овој објект е изграден на местото на големиот масакр на Евреите за време на Холокаустот.

– Им се обраќам на сите Евреи во светот. Зарем не гледаш што се случува? Затоа е многу важно во овој момент милиони Евреи ширум светот да не молчат. Нацизмот се роди во тишина. Затоа, викајте, викајте за убивање цивили, викајте за убивање Украинци – рекол Зеленски, а пренесува Тајмс оф Израел.

Украина се соочува со седмиот ден од руската инвазија, а борбите се водат во бројни градови, додека конвојот руски воени возила продолжува да напредува кон главниот град Киев, кој е изложен на неколкудневни гранатирања и воздушни напади.

Во своето обраќање во средата, Зеленски исто така рече дека целта на Русија е да ги истреби Украинците, нивната земја и нивната историја. Ракетната кула е изградена на локацијата Бабин Јар. Ова е местото каде што се случи најголемиот масакр на киевските Евреи во Втората светска војна, а и денес е место за почестување на жртвите.

Прикажи повеќе