Жил Кунде може да замине доколку во Барселона пристигне понуда од 90 милиони евра. Францускиот репрезентативец, според медиумите му рекол на тренерот Чави дека доколку наредната сезона не игра на неговата природна позиција, ќе го напушти клубот.

Барселона, минатото лето пред нос им го зеде на Челси Кунде. За неговиот трансфер на Севилја и платија 50 милиони евра. Кунде, стандарден репрезентативец на Франција, игра како централен дефанзивец, одличен е и во формација со тројца стопери, а по потреба може да игра и на позицијата десен бек.

Оваа позиција е дефицитарна во Барселона, поради што Кунде речиси цела сезона игра како десен бек. Не крие дека не сака да игра на својата природна позиција, поради што му поставил ултиматум на Чави. Одговорот од клубот експресно стигна, Кунде може да замине за 90 милиони евра, во спротивно ќе остане на „Ноу Камп“ и ќе ги почитува одлуките на тренерот.

Прикажи повеќе