Полскиот предлог своите борбени авиони од типот „МиГ-29“ да ги стави на располагање на НАТО во американската воздуховпловна база Рајнштад во Германија како одговор на повикот на Украина да ѝ бидат дадени авиони, се чини е отфрлен и од Пентагон соопштувајќи дека тоа не е „одржливо“, пренесува Си Ен ЕН.

Во вторникот вечерта полскиот премиер Матеуш Моравјецки при посетата на Осло за новинарите објави дека неговата земја не е подготвена самостојно да ѝ ги испорача на Украина ловците од типот „МиГ-29“.

„Мора да се истакне дека Полска не е страна во оваа војна, а и НАТО не е страна во војната. Поради тоа, одлуките за испорака на офанзивно оружје треба да се носат на ниво на цело НАТО. Затоа, всушност, ние сме подготвени дел од нашите ловци да ги префрлиме во Рамштајн, но не сме подготвени за какви и да се самостојни чекори“, рече Моравјецки.

Подоцна портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, изјави дека можноста авионите од базата на САД и НАТО во Германија да „одлетаат во возудшниот простор на Украина којашто е во судир со Рисја предизвикува сериозна загриженост за целиот НАТО пакт“.

„Ќе продолжиме да се консултираме со Полска и со нашите други сојузници во НАТО за ова прашање со тешки логистички предизвици коешто тоа ги претставува, но не веруваме дека предлогот на Полска е одржлив“, рече Кирби.

Прикажи повеќе