Кошаркарот на Њу Орлеанс Пеликанс, Зајон Вилијамсон ќе го пропушти почетокот на новата сезона во НБА лигата поради повреда на стапалото по што ќе мора да оди на оперативен зафат.

Како што пренесуваат американските медиуми опоравувањето оди во добра насока, но крилниот центар ќе мора да паузира барем уште две до три недели кога ќе треба да замине на нови прегледи.