Амбасадорката на Украина во Скопје рече дека цел на руските напади и понатаму се цивили. Според неа, многу ракети биле истрелани во правец на болници и градинки. Задорожњук нагласи дека гранатирањето куќи ќе биде доказ за руските воени злосторства пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг.

„Поцинично е што цел на нападите се општеството, цивилите. Беа истрелани ракети врз градинките и домовите за згрижување деца и сиромашни. Пукаат во амбулантни возила, болници. Синоќа беше истрелана ракета врз висококатната зграда во Киев, во близина има болница и училиште. Бомбашкиот напад на куќата во Лабаноски ќе биде една од епизодите во истрагата за воени злосторства на рускиот режим во Меѓународниот суд на правдата во Хаг. Постапката е веќе започната“, рече Наталија Задоежњук, амбасадор на Украина. /Алсат.мк

Прикажи повеќе