Македонската Влада донесе одлука да воведе забрана за влез во воздушниот простор на територијата на земјата за авио компании од Руската Федерација. Со оваа одлука се приклучуваме  на препораките на ЕУ и на земјите членки кои веќе донесоа таква одлука.

„Владата ја задолжи М-НАВ да ја отпочне постапката за спроведување на оваа одлука и да ги изветси Европските воздухопловни власти за забрната за влез во воздушниот простор на Северна Македонија за авио превозници регистрирани во Руската Федерација “– соопштија од Владата.

Од оваа одлука се исклучени хуманитарните летови кои се вонредни.Ваква одлука за забрана за влез во воздушниот простор на авио компании од Руската федерација веќе донесоа Франција, Австрија, Финска, Ирска,  Германија, Исланд, Шведска, Бугарија, Чешка, Естонија, Полска и Обединетото Кралство. Москва, од своја страна, исто така забрани авиони од неколку земји да летаат над нејзина територија. /Алсат.мк

Прикажи повеќе