Жозе Мурињо одбил да стане тренер на Челзи по трет пат, пишува италијанскиот „Кориере дело Спорт“. Англискиот клуб, кој оваа сезона има големи проблеми, наводно стапил во контакт со португалскиот тренер кој ја одбил понудата да се врати на „Стенфорд Бриџ“.
Мурињо минатата сезона ја освои Конференциската лига со римскиот клуб, а оваа сезона е во сериозна конкуренција за освојување на Лигата на Европа. Го држи шестото место на првенството. Португалецот остави огромна трага во Челзи, со кој три пати беше шампион на Англија, освои еден ФА Куп и три Лига купови.
„Кориере дело Спорт“, тврди дека Мурињо сака да си го одработи договорот со Рома и дека само поради тоа не ја прифатил понудата од Лондон.