Европската куќа на ракометот (ЕХФ) соопшти дека СЦ „Јане Сандански“во Скопје ќе биде салата-домаќин на Европското првенство (ЕП) за жени кое ќе се игра пред крајот на оваа година во повеќе земји, меѓу нив и во нашата.

Македонија заедно со Словенија и Црна Гора ќе бидат домаќин на континенталниот собир на најдобри раометарки.

Натпреварите ќе се играат во салата во Аеродром, а исто така-домаќини ќе бидат и спортските сали „Стожице“ и „Златорог Арена“ во Љубљана Словенија, односно „Морача“ во Подгорица Црна Гора.

ЕП 2022 ќе се игра од 4 до 20 ноември. За амбасарор на настанот е избрана словенечката пејачка Сенида, која ќе ја изведе и официјалната химна на шампионатот која ќе биде промовирана во јавноста наскоро.