Поради несогласување со своите играчи, 67-годишниот стратег Хорхе Жезус денеска ја напушти клупата на португалскиот фудбалски гигант Бенфика.

Во последниот настап под негово водство Бенфика загуби од својот најголем ривал Порто (0-3) во осминафиналето на португалскиот клуб, а Жезус го остави лисабонскиот клуб на третото место на првенствената табела со четири бодови заостанување зад Порто и градскиот ривал Спортинг.

На испразнетото тренерско столче привремено ќе седне досегашниот помошник Нелсон Верисимо, кој ќе дебитира в четврток на првенството во мега дерби против Порто.