Европската Унија работи на четврти пакет санкции против Русија поради нејзината воена операција во Украина, изјави денеска австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг.

„Веќе воведовме силни санкции. Работиме на четвртиот пакет. В петок ќе има специјален состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ со американскиот државен секретар Ентони Блинкен“, рече тој.

Според шефот на австриската дипломатија, новите санкции ќе ги погодат големите бизнисмени, а се подготвуваат посебни списоци.

„Следната главна цел ќе биде, така да се каже, врвот, олигарсите. Работиме, веќе има нови списоци“, рече Шаленберг.

Досегашните санкции вклучуваат забрана за трансакции со руска финансиска институција, а замрзнати се и сите средства на банката во ЕУ за да се блокира финансирањето на војната на рускиот претседател Владимир Путин во Украина.

Прикажи повеќе