ЕУ подготвува четврти пакет санкции против Руската Федерација, по 17-дневната окупација на Украина. Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека ЕУ и партнерите од Г7 ќе продолжат економски да го блокираат Кремљ.

“Првите три пакет санкции што ги воведовме изминатите недели силно ја погодија руската економија. Рубљата е девалвирана. Големите руски банки се исклучени од меѓународниот систем, некои компании ја напуштаат државата затоа што не сакаат да имаат никаква врска со убиствениот режим“, рече Урсула фон дер Лајен, претседател на Европската комисија

Покрај исклучувањето и неможноста Руската Федерација да бара финансиска помош од ММФ, Фон дер Лајен вели дека ЕУ ќе го забрани извозот на железо од Русија и ќе забрани употреба на руски гас во следните 5 години.

“Ќе предложиме забрана за европските инвестиции поврзани со енергетскиот сектор на Русија. Не смееме да ја храниме енергијата од која еден ден ќе зависиме. Оваа забрана ќе ги вклучува сите инвестиции, технолошки трансфери и финансиски услуги. Ова ќе има големо влијание против Путин“, рече Урсула фон дер Лајен, претседател на Европската комисија

Во меѓувреме, и Руската Федерација се подготвува за пакет санкции против САД. Рускиот заменик министер за надворешни работи изјави дека списокот со санкции треба уште да се комплетира. /Алсат.мк

Адријан Керими

Прикажи повеќе