Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел потврди дека Европската унија подготвува нов пакет санкции кон Русија.

„Вториот пакет санкции со големи и тешки последици е договорен синоќа. Третиот пакет итно се подготвува“, напиша Мишел на Твитер.

Европскиот совет синоќа одобри нови санкции за Русија поради инвазијата на Украина. Санкциите се насочени кон Финансискиот сектор, секторите енергетика и транспорт, стоките за двојнa употреба, како и контролата и финансирањето на извозот, визната политика, а на листата санкции се додадени уште некои руски поединци. Ова е втор пакет санкции за Русија одобрен од ЕУ за една недела.

Прикажи повеќе