Утрово Европската Унија и официјално го договори четвртиот пакет санкции против Русија. Новиот пакет санкции, кој денеска стапува во сила, предвидува рестрикции за голем број олигарси, забрана на продажба на луксузни стоки кои се извезуваат во Москва и ќе погоди неколку одбранбени компании.

Амбасадорите на ЕУ вчера се согласија за четвртиот пакет санкции по руската инвазија на Украина пред три недели. Санкциите ќе бидат формално воведени откако ќе бидат објавени во „Службен весник на ЕУ“, во текот на денот.

Француското претседателство на Советот на ЕУ соопшти дека трговскиот статус на Русија како „најповластена нација“ во Светската трговска организација (СТО), исто така, ќе биде отповикан. Покрај тоа што е симболичен потег, ова може да ја отвори вратата за дополнителни ограничувања преку царински давачки и увозни квоти.

„Новиот пакет европски санкции против Русија ќе погоди повеќе од 600 Руси“, соопшти денеска францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер пред почетокот на состанокот на министрите за финансии на 27 земји од ЕУ во Брисел, пренесува ТАСС.

Прикажи повеќе