Легендарниот напаѓач Самуел Ето (40) денеска во придружба на своите приврзаници поднесе официјална кандидатура за претседател на Камерунската фудбалска федерација.

Ето на nовинаритe пред седиштето на Камерунската фудбалска федерација им изjaви дека ќе биде избран за нов претседател и покрај матните зделки и корупцијата на неговите противници.

Актуелниот претседател Мбомбо Нјоја беше именуван на чело на Камерунската фудбалска федерација во 2018 година, но неговиот избор на почетокот на оваа година го поништи Меѓународната спортска арбитража (CAS). Актуелното раководство му понуди потпретседателско место на Ето, но тој тоа го одби, истакнувајќи оти е дојдено време за обнова на камеруинскиот фудбал.

Претседателските избори се закажани за 11 декември, а Камерун од 9 јануари до 6 февруари идната година ќе биде домаќин на Африканскиот Куп на нации.

Ето во својата фудбалска кариера настапуваше за европските гиганти Интер, Реал Мадрид, Барселона, Челзи и Евертон, а во националниот дрес одигра 118 натпревари на кои постигна 56 голови.