Македонскиот боксер, Арсим Етеми, член на БК Алексо Огненовски од Охрид, како дел репрезентацијата на Македонија на Светското првенство во Белград, достојно ги бранеше националните бои во двобојот од второто коло со Молдавецот Андреи Чириаков.

За жал, по судиското прегласување победата му беше доделена на Молдавецот со резултат 3-2.

„Арсим беше на дофат на победата, но во завршните моменти кога се одлучуваше победникот фалеше уште малку да „стисне на гаста“. Иаку многу поквалитетен и покомплетен боксер, Арсим заради недоволното искуство, слабиот фонд на мечеви, не успеа да го покаже сиот свој потенцијал, кој несомнено го поседува“, истакна неговиот тренер Владимир Цекиќ.

Македонскитге боксери во наредниот период ќе се подготвуваат за учеството на меѓународниот турнир “Златен гонг”, кој ќе се одржи кон средината на месец ноември во Скопје.