Денеска во емисијата „Urban Late Morning“ на ТВ21 гостуваа д-р Мартин Мојсоски и д-р Анастасија Дукоска, со кои разговаравме околу тоа дали естетската корекција е потреба или каприц.

Според Мојсоски, доколку гледаме реално е каприц, но потребен каприц.

„Живееме во 21 век, век каде што се оди напред, се е во експанзија. Сметам дека секој човек кој што сака, треба да ги искуси благодетите на естетската корекција“, вели Мојсоски.

Дукоска вели дека кај некои жени, естетската корекција е навистина потреба.

„Жени кои се во некои позрели години, ќе се појави брчка, зошто да не ја промениме? Зошто да не ја корегираме, ако можеме? Има и помлади девојки кои почнуваат со ботокс поради превенција, мислам дека тоа е ок“, вели Дукоска.

Тие велат дека интересот е доста голем, а открија и дека клиентите доаѓаат кај нив со многу желби и побарувања.