Тренерот на Милан, Сержо Консеисао ја презеде одговорноста за францускиот дефанзивец, Тео Ернандез, кој несомнено беше трагичната фигура на реваншот од Лигата на шампионите против Феенорд.
Домашните водеа со 1-0 на „Сан Сиро“, им требаше уште еден гол за да ја оправдаат улогата на фаворити и да се пласираат меѓу најдобрите 16 екипи од елитното ниво на европскиот фудбал.
Сепак, 27-годишникот доби втор жолт картон, симулираше со намера да избори пенал, поради што го доби вторито жолт картон. Со играч повеќе 22 минути по исклучувањето на Ернандез, Аргентинецот Хулијан Каранза ја ја закова топката во топката под гредата по центаршутот на Шпанецот Хуго Буено.
Голот на Мексиканецот Сантијаго Хименез на стартот беше залуден, а Феенорд се пласираше во осминафиналето со вкупни 2-1.
„Може да се каже дека судијата беше премногу суров, но моравме да бидеме психички посилни. Одговорноста е моја, а не на Ернандез и ќе разговараме за се што имаме во соблекувалната. До исклучувањето на Тео, Феенорд не ни знаеше како да дојде до нашиот гол. Разочарани сме и лути. Денес тоа му се случи на Тео, утре може да му се случи на некој друг. Како тим ќе му дадеме огромна поддршка. Тој е еден од најдобрите фудбалери во светот“, изјави Консеисао.
На „росонерите“ не им оди најдобро ниту во домашното првенство, Милан е на седмото место со Болоња, а двата тима имаат по 41 бод и натпревар помалку од останатите тимови.
Текстот Ернандез е виновен, а тренерот ја презеде одговорноста за елиминацијата на Милан е превземен од МАКФАКС.