Пејачот со албанско потекло, Ермал Мета e рангиран на третото место на 71 – от фестивал Сан Ремо. Песната „Милион работи да ти кажам“ беше исклучително добро прифатена од јавноста, толку многу што првично кружеа гласини дека Ермал Мета може да биде победник на фестивалот. Меѓу 26 – те учесници, песната на Ермал Мета беше една од песните претендент за првата награда. Тој беше конкурент на Санремо пред три години каде беше прогласен за победник со песната „Ништо не ми направи“. Покрај третото место, Албанецот Ермал Мета ја освои и наградата „Џанкарло Бигази“ за најдобра музика. На прво место беше рок групата Манескин.

Прикажи повеќе