Кристијан Ериксен се обидува да го продолжи фудбалски живот по непријатната ситуација која му се случи на Европското првенство кое се одржа минатово лето.

Како што е познато тој доживеа срцев удар на натпреварот меѓу Данска и Финска, па сега има вграден уред за контрола на работата на срцето што значи дека кариерата дефинитивно нема да може да ја продолжи во Интер и во Серија А затоа што тоа не е дозволено во Италија.

Тој се обидува да тренира и тоа го направи во клубот во кој бил член во минатото Оденсе. Тој тренира сам и останува да се види дали ќе може да остане во фудбалот како активен играч, а во меѓувреме се огласи неговиот агент Мартин Шотс.

-Како и секој човек кој го доживеал она што го има Кристијан, тој работи на своето закрепнување. Тој сака да го прави ова во сопствената средина во Милано или кога е во Данска, приватно во неговата земја на раѓање.

-Повремено кога е некое време во Данска и кога ќе му се допадне, може да ја користи структурата на Оденsе. Toa е одличен гест на неговиот поранешен клуб. Крис има позитивен, оптимист и енергичен карактер, но се уште не е моментот да се зборува за фудбал. Само Кристијан ќе одлучи дали и кога ќе дојде овој момент, -истакна агентот за „Гол“.