Кристијан Ериксен од денеска е нов фудбалер на англискиот премиерлигаш Бретфорд. Данецот нема официјален настап уште од минатото лето кога за време на натпреварот помеѓу Данска и Финска на Европското првенство, доживеа срцев удар.

Во меѓувреме, Интер го раскина договорот со Ериксен бидејќи во Серија А не е дозвлено фудбалери да играат со вграден дефибрилатор кој ја регулира работата на срцето.

Данецот неодамна доби дозвола од лекарската комисија на Премиер лигата да се врати на фудбалот и денеска потпиша за екипата на Брентфорд.

Ериксен потпиша договор со англискиот тим до крајот на сезоната, со можност истиот да се продолжи на уште една година.

Се очекува првите минути за Брентфорд, Ериксен да ги одигра на 9. февруари и тоа против актуелниот шампион Манчестер сити.