Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска официјално ја започна кампањата за претседателските избори со посета на југот на земјата, кој беше тешко оштетен од земјотресот на 6 февруари.

Advertisements

„Дојдовме за да ви служиме, а не да заповедаме“, им рече тој на толпата на градилиштето отворено во провинцијата Газиантеп, во близина на сириската граница.

Шест недели пред изборите на 14 мај, Ердоган даде ветувања за обнова и посета на преживеаните од земјотресот во кој загинаа повеќе од 50.000 луѓе.

Изборната комисија неделава ја прифати кандидатурата на тројца кандидати кои ќе му се спротивстават на Ердоган (69), додека опозицијата се надева на победа.

Анкетата на истражувачкиот институт ТАГ покажува дека 51,8 отсто од гласачите го поддржуваат претседателот на најголемата опозициска партија ЦХП, Кемал Киличдароглу, а 42,6 отсто го поддржуваат Ердоган.

Покрај Киличдароглу, останатите двајца кандидати се Мухарем Инчеа, кандидатот поразен во трката со Ердоган во 2018 година, како и поранешниот пратеник Синан Оган од крајната десница.