Според најавите на медиумите во Англија токму оваа земја и Р.Ирска ќе поднесат заедничка кандидатура, а конкуренција ќе им бидат Турција и Србија, Бугарија, Грција и Романија.

Со оглед на фактот дека на последното ЕУРО, Англија ја имаше завршницата, се чини дека се потврдија како добри домаќини, а проблем им се Србија, Бугарија, Грција и Романија, кои сакаат заеднички да го организираат шампионатот.

Србија ќе гради нов национален стадион, Бугарија го има „Васил Левски, Романија има голем избор на стадиони, а и Грција нема проблем со инфраструктурата.

УЕФА конечната одлука ќе ја донесе до крајот на идната година.