Британските боксери Ентони Џошуа и Тајсон Фјури влегоа во преговори за борба која треба да се одржи во септември.

Според американскиот „ЕСПН“, нивните менаџери Френк Ворен и Еди Херн почнале да се договараат за условите на борбата, во која Фјури ќе го брани шампионскиот појас во верзијата ВБЦ.

Џошуа со поразот од Олександр Усик ги загуби сите појаси што ги поседуваше, па во борбата со Фјури, ако некогаш се случи, ќе влезе како предизвикувач. Овие боксери веќе неколку пати имаа обиди да договорат борба, но преговорите секој пат пропаѓаа. Џошуа во кариерата има скор од 25 победи и три порази, додека Фјури има 33 победи и едно реми. Тоа беше првата борба против Дионтеј Вајлдер.

Украинецот Олександер Усик ги поседува сите останати шампионски титули во бокс, а ќе мора да се бори против Даниел Дубоа. Се очекува победникот од мечот меѓу Тајсон Фјури и Ентони Џошуа да да добие шанса да атакува на титулите на Усик.

Прикажи повеќе