Британската тенисерка, победничка на УС Опен. Ема Радукану, се повлече од Кремљ Купот, кој наредната недела започнува во Москва. Радукану беше елиминира уште во второто коло на турнирот во Индијан Велс, а тој пораз остави последици врз неа.

Причините за нејзиното повлекување од турнирот во Москва, засега, не се познати.

„Принудена бев да направам промени во распоредот на турнирите и нема да можам да играм во Москва оваа година. Се надевам дека ќе можам да се натпреварувам пред руските навивачи догодина“, рече британската тенисерка.