Македонскиот фудбалски репрезентативец во редовите на Наполи, Елиф Елмас, е неизвесен за настап на првенственото дерби против Јувентус, идниот понеделник поради позитивен наод на коронавирус.

Елмас по новогодишните празници требаше да се врати од Скопје во Неапол, но поради позитивен ПЦР тест, што му бил направен во четвртокот вечер, следните денови ќе остане во домашна изолација.

– Елиф Елмас е позитивен на коронавирус на тестирањето извршено во Македонија пред неговото враќање во Италија. Фудбалерот е вакциниран и нема симптоми, и ќе остане во изолација во својот дом, соопшти синоќа Наполи.

Елмас по втор пат е позитивен на Ковид-19, откако беше заразен со вирусот и во октомври минатата година кога отсуствуваше од терените три недели.