Ракометната репрезентација на Унгарија, која на Европското првенство заедно со Словачка беа домаќини, не успеа да обезбеди место меѓу најдобрите 12 репрезентации на континенталниот собир.

Унгарците беа во група заедно со селекциите на Холандија, Исланд и Португалија. Од групата на Унгарија, место во следната фаза обезбедија само Холандија и Исланд, додека Унгарија и Португалија го завршија настапот на ЕП уште во раната фаза.

Елиминацијата на Унгарија значеше и голема финансиска загуба, пишува порталот „Инфо Старт“.

Според пресметките направени од ракометната федерација на Унгарија, финансиската загуба поради елиминацијата на унгарската репрезентација се движи од 1.8 до скоро 2 милиони евра.

Тие пари би биле собрани од само еден натпреварувачки ден доколку Унгарија беше присутна во главната фаза на ЕП. Унгарија на Европското првенство  го оствари најлошиот пласман во својата историја и заврши на 15 место.