Вапити, посебна раса на елен, стар околу пет години, шеташе низ Колорадо со гума од автомобил околу вратот цели две години, велат од службата за заштита на природата.

Дури од четвртиот обид, успеале да го ослободат животното. Чуварот Скот Мердок, изјави дека било незгодно да се тргне гумата. Животното имало рана на вратот и на местата каде што стоела гумата и вршела притисок неамо влакна.

Мердок додаде дека не можеле да ја сечат гумата заради челичниот оквир во неа, па затоа морале да му ги исечат роговите. Гумата била полна со борови игли и кал. Вапити со неа носел товар од дури 16 килограми. На крајот сепак успеале да го ослободат животното.

-Бев шокиран кога видов колку добро изгледа животното, изјави Скот.

Вапити првпат бил забележан за време на контрола на популацијата на животните во 2019 година. Животното тогаш по проценка имало околу 270 килограми.

Претходниот пат да го успијат животното со цел да му помогнат пропаднале затоа што никако не успевале да му се доближат доволно блиску за да можат да го погодат. Тоа им успеало дури сега, поради тоа што е езона за парње.