Последните информации од Италија кои доаѓаат преку медиумите, се дека Њукасл би бил заинтересиран и за ангажман на Џенаро Гатузо, некогашниот тренер на Наполи.

Според новинарот Фабио Сантини, поранешниот тренер на Елмас во Наполи, би бил среќен доколку до него пристигне понуда од новиот проект во Премиерлигата, амбициозниот Њукасл.

„Гатузо може да пристигне во Премиерлигата, тој би бил воодушевен од таква понуда“, порача италијанскиот новинар Сантини.

Останува само на времето да покаже дали во овие најави има вистина и дали ексцентричниот Гатузо ќе успее да седне на тренерското столче на „Сент Џејмс парк“.

На новите сопственици им е добро познат Гатузо по неговите ставови и ексцентричност, кон играчите но и медиумите, па можеби за таков тренер ќе се решат на стартот од новата авантура.