реклама

КОГА ќе се спомне носење чорапи во кревет, може да очекувате жестоки расправии. Иако спиењето во чорапи можеби ви е незамисливо, експерт за спиење верува дека ова може да биде клучот за добар сон.

„Носењето чорапи во кревет може да ви помогне да ги загреете стапалата, што може да му сигнализира на вашето тело дека е време за спиење. Ова може да ви помогне да заспиете побрзо и да доживеете подлабок сон“, изјави Мартин Сили за Mirror.

реклама

Имено, кога нашите стапала се ладни, крвните садови се стеснуваат, што може да го отежне заспивањето или да спречи подлабока фаза на спиење, додава Сили, но напоменува дека носењето чорапи во кревет сепак зависи од личните преференци.

„Дали носењето чорапи во кревет всушност води до подлабок сон може да зависи од поединецот. На некои луѓе им е непријатно, додека на други воопшто не забележуваат никаква разлика во квалитетот на сонот“.

реклама

Ако претпочитате вашите прсти да бидат слободни додека спиете, има уште неколку трикови со кои можете да се обидете за подобар сон.

„Држете се до постојан распоред за спиење, избегнувајте кофеин навечер и користете есенцијално масло од лаванда, кое има смирувачки својства и може да ви помогне да се опуштите“ советува Сили.

реклама