Честопати не сме сигурни дали јајцето што сакаме да го изедеме или да го користиме во подготовката на некој оброк е „безбедно“ или расипано, а постои лесен и брз начин да го откриеме тоа.

Јајцата се јадат или се користат во подготовка на оброците речиси секој ден.

Доколку имате проблем со килограмите или холестеролот, нутриционистите советуваат да не ја јадете секоја жолчка од јајцата, туку почесто да јадете белки. Доколку имате такви проблеми, не треба да јадете повеќе од две до пет жолчки неделно.

Лекарите секогаш советуваат урамнотежена, здрава исхрана, па бидејќи секојдневно не претерувате со друга храна, не претерувајте ни со внесувањето јајца.

Сепак, нивниот рок на траење е релативно краток.

Кога ќе се скршат, покрај тоа што не се јадат, расипаните јајца имаат непријатен мирис.

Како да знаете дека јајцето е расипано?

Ставете ги во сад со ладна вода.

Ако потонат на дното на садот, тогаш смее да се јадат, но ако лебдат на површината на водата, веќе не се „безбедни“ за јадење.