Откриени тајните на сестрите Кардашијан-Џенер!

Сестрите Кардашијан-Џенер се меѓу најбогатите жени на планетата, но дали знаете колку се дарежливи и спремни да отворат чанта кога станува збор за почестување некого? Угостителите кои имаа можност да ги послужат членовите на ова семејство ги дадоа сите свои оценки колку е секој галантен.

Еве што велат…

Ким Кардашијан

Во 2015 година беше објавено дека Ким дала бакшиш од 300 долари на сметка од 200 долари додека вечерала со пријателите Џонатан Чебан и Сајмон Хак. Ова не е прв пат Ким да покаже дарежливост.

„Неколку мои пријатели работеа во еден од хотелите во Ирска каде Ким и Канје престојуваа за време на нивниот меден месец. И двајцата беа многу дарежливи и даваа големи бакшиши, што овде не е ни обичај“.

Кајли и Крис Џенер

„Кајли Џенер, таа ку*ка не дава бакшиш!“, напиша на социјалните мрежи еден келнер, кој очигледно имал блиска средба со најмладата милијардерка на светот. Сосема поинаков „глас“ ја следи нејзината мајка Крис Џенер.

„Крис Џенер ми даде бакшиш од 70 проценти за целата сметка и таа беше навистина прекрасна“.

Што се однесува до Кајли, ова не е прв пат најмладиот член на познатото семејство Кардашијан-Џенер да се најде на столбот на срамот. Пред две години на TikTok беше објавена вест дека Кајли дала само 20 долари бакшиш по вечерата која чинела 500 долари.

Најмладата милијардерка инаку важи за личност која се однесува многу лошо кон персоналот и лесно ги отфрла луѓето кои и биле верни со години.

Кендал Џенер

Кендал во текот на годините беше цел на жестоки критики затоа што наводно била груба и арогантна кон персоналот во ресторанот. Почнувајќи од 2014 година, Кендал беше обвинета дека се обидела да го напушти барот без да ја плати сметката, а кога вработените ја застанале, таа им фрлила пари во лице. Таа подоцна негираше дека некогаш фрлила пари, но призна дека заборавила да ја плати сметката, инсистирајќи дека оставила бакшиш 7 долари за сметка од 33 долари.

Во 2017 година беше обвинета дека воопшто не оставила бакшиш после вечерата, а кога во јавноста се појавила сметката (на која пишува и колку е бакшиш), манекенката се правдала дека бакшишот го оставила во готово.

Клои Кардашијан

„Клои Кардашијан ми го остави најдобриот бакшиш што сум го добила“, напиша една келнерка на Редит, откривајќи дека тоа биле 3.000 долари. Многумина го коментираа овој коментар и потврдија дека Клои е навистина многу дарежлива и дека е најгалантната од целото семејство Кардашијан-Џенер.

„Пред неколку години, мојата локална радио станица зборуваше за времето кога Клои гостувала кај нив, а по завршувањето на емисијата, на сите им праќала пакети со производи за нега во знак на благодарност“.

„Оттогаш тврдиме дека Клои е најсочувствителна и најљубезна личност“, напиша еден корисник на Редит.

Кортни Кардашијан

Најновата невеста во семејството Кардашијан-Џенер, Кортни, која неодамна се омажи за Тревис Баркер, се шпекулира дека е многу скржава… Во 2014 година Кортни била во Хемптонс додека снимала реално шоу за нејзиното семејство, кога било откриено дека таа не давала бакшиш доколку оброците се служеле бесплатно.

Секако, сите овие работи треба да се земат со претпазливост, со оглед на тоа дека не постои правилен начин да се докаже дали навистина се случиле, но ова секако е тема која секогаш ја интригира јавноста и е многу популарна на мрежите.