ТВ Аренаспорт ги има ексклузивните ТВ права за натпреварите од ЕУРО 2022 во ракомет, тоа значи дека сите во Македонија националната ракометна репрезентација со сигурност ќе можат да ја гледаат на регионалниот спортски канал со коментар на српски јазик, пишува Дриблинг. мк.

Дриблинг дознава дека една македонска телевизија преговара за правата од континенталниот ракометен спектакл каде Македонија е во група со Данска, Словенија и Црна Гора.

Неизвесно е дали ќе дојде до договор меѓу двете страни, но јасно е дека Аренаспорт ќе профитира од три страни, од ТВ правата кои се очекува да ги продаде за речиси двојна цена на македонската ТВ, од претплатниците во Македонија и секако од рекламите.

Европско ракометно првенство за мажи ќе се одржи од 13 до 30 јануари во Унгарија и Словачка.