Еден од најдобрите светски боксери, 34-годишниот Василиј Ломаченко, се приклучи на одбраната на Украина од руските напади и агресија.

Овој украински боксер е повеќекратен светски и двократен олимписки шампион и е еден од ретките боксери кои освоиле титули во три различни категории. Ломаченко ги замени прстенот и ракавиците со униформа и пушка и отиде во војна да ја брани својата татковина. Да потсетиме, пред неколку дена истото го направија и украинските боксерски легенди Владимир и Виталиј Кличко.

Виталиј Кличко, некогаш најдобрата светска тешка категорија, а сега градоначалник на Киев, рече дека е подготвен да земе оружје за да ги одбрани градот и Украина од руската инвазија која започна во четвртокот.

“Ова е веќе крвава војна. Немам избор, морам да го направам тоа. Ќе се борам”, изјави Кличко, кој ја заврши својата боксерска кариера со последната борба во 2012 година.

Само две години подоцна стана градоначалник на главниот град на Украина.

Прикажи повеќе