Полска, Молдавија, Словачка и Германија се подготвуваат да примат украински бегалци кои бегаат од својата земја. Првите бегалци сега пристигнаа во Полска. Германија ги започна подготовките на локации за прием на бегалци.

Бидејќи летовите се парализирани, Украинците бегаат кој како може, со воз, автобус и автомобили. Велат не бираат каде ќе одат, доволно е да се подалеку од борбите.

„Се случи. Не требаше да се случи, сè уште не можам да верувам што се случува“, вели еден бегалец од Украина.

Има и такви кои се враќаат да ја бранат татковината. Таков е случајот со украинскиот ветеран кој се враќа од Полска.

Земјите од Централна Европа, исто така, се согласија да отворат повеќе гранични премини доколку е потребно за прием на украински бегалци, ангажирајќи цивилна заштита во камповите. Во меѓувреме, Светската здравствена организација предупредува дека оваа војна ќе предизвика хуманитарна катастрофа. Од 41,6 милиони украински граѓани, се уште не е јасно колку бегалци ќе има во странство, но првичните очекувања се дека повеќе од 10% од населението ќе ја напушти Украина.

Аднан Ќаили