Двегодишната пандемија на Ковид-19 им предизвика загуби на европските фудбалски клубови од седум милијарди евра, покажува најновата студија на УЕФА, со која биле опфатени 724 екипи во 54 прволигашки натпреварувања.

Прволигашките екипи претрпеле загуби од четири милијарди евра во 2021, а една година претходно три милијарди евра.

Најголем дел од загубите се предизвикани од празните стадиони и, според истражувањето, забраната за гледачи во сезоната 2020/21 довела до пад на приходите од продажбата на влезници од дури 88 отсто.

Приходите од спонзорските договори се пониски за 1,7 милијарда евра, а 900 милиони евра е минусот од правата за телевизиски преноси. Исто така, приходите од трансфери се пониски за 40 отсто.