Денес, роденденските торти се задолжителни на повеќето роденденски прослави, а дувањето свеќички е убав обичај на кој славениците се радуваат, особено децата. Денес, постојат илјадници видови роденденски торти, различни вкусови и форми.

На старите Египќани им се припишува традицијата на прославување на родендени. Египќаните кои живееле пред 3-4 илјади години се заслужни за „изумот“ на роденденските прослави.

Тие верувале дека кога фараонот бил крунисан, тој станал бог и дека на тој ден тие се „родени како богови“.

Овој обичај подоцна го позајмиле старите Грци, верувајќи дека би било повеличествено доколку на крајот се засладат со раскошен десерт. Затоа направиле торта која по форма наликувала на месечината, се во чест на Артемида, божицата на месечината.

Тие ги украсувале колачите со свеќи, кои ја имитираа светлината на Месечината. Оттогаш е всушности и традицијата на палење и дување свеќи.

Утрото на роденденот на детето, детето добивало торта со запалени свеќи, чиј број би одговарал на бројот на неговите години. Оваа дополнителна свеќа беше наречена „светлина на животот“, која беше симбол на надеж за уште една година од животот.

Таа слатка роденденска торта би се јадела дури после ручек.Семејството ги отстранувало свеќите од тортата што гореле во текот на денот, а во одреден момент детето дувало во нив и си посакувало желба.

Како и денес, (роденденската) желба не треба се каже гласно!

Бидејќи состојките за тортата биле прилично скапи, обичајот се проширил дури по Индустриската револуција.