Холандскиот фудбалски репрезентативец Дони Ван де Бек го напушти Манчестер Јунајтед и се пресели во Евертон.

Ван де Бек не добиваше шанса на „Олд Трафорд“, па сакаше да ја промени средината во потрага по поголема минутажа.

Холанѓанецот имаше неколку понуди, но се одлучи да потпише за Евертон, каде ќе игра на позајмица до крајот на сезоната.

Евертон ќе плати за позајмицата и се обврза да му ја дава целата плата на фудбалерот во наредните шест месеци.