Српскиот виролог д-р Миланко Шеклер истакнува дека оние кои во моментов се заразени со корона имаат измешани симптоми кои биле впечатливи кај делта сојот и кои се забележуваат кај омикрон. Според него, многу пациенти го изгубиле чувството за мирис и вкус, кои се симптоми на делта, додека доминира потењето и благо покачената температура, што е карактеристика на омикронот.

Шеклер нагласува од што најмногу се плашел.

Најзагрозени се невакцинираните без разлика на возраста, но и постарите со хронични болести. Претходните бранови, како што забележа некој од Јужна Африка, беа како Килиманџаро, висока, но нежна планина на која постарите луѓе можат да се искачат. Има проток, благ пораст и пад. А омикрон прави врвови како Монт Еверест, нагло оди нагоре-надолу, објаснува д-р Шеклер за српските медиуми.

Познатиот виролог нагласува дека петтиот бран ќе трае пократко, но ќе биде хаотичен „како што веќе е“.

Франција има 280.000 заразени дневно, Британија 218.000. Само се молиме на Бога да не е преголем уделот на делта. Капацитетите за дијагностика ќе бидат преоптоварени бидејќи треба да се земат десетици илјади примероци за тестирање и обработка. Ќе има метеж за тријажа, а со тоа и чекање, што може да биде опасно по живот, смета Шеклер.

Во последните денови во светот и регионот се појавија првите случаи на флурон, комбинација од грип и корона. Сепак, Шеклер тврди дека тоа е „глупост што нема значење бидејќи многу ретко некој ги има двата вируси“.

Кој ги знае РНК вирусите знае дека тие се одлични стимулатори на интерферон и дека клетките кои лачат интерферон како неспецифичен одбранбен систем ги спречуваат инфекциите со други вируси. Има само една варијанта случајно некој да се зарази со двата вируса во ист ден, а тоа се ретки ситуации. А тоа не е важно за граѓаните и јавното здравје, нагласува д-р Шеклер.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.