Познатиот доктор микробиолог Никола Пановски констатира дека здравствените власти како стручњаци не множат со нула, а резултати го покажуваат тоа.

Кога имате проблем со лекување на пациенти, висока смрнтост во болнциите, најлесно што можете да направите е да воспоставите превентивни мерки, а не да пуштате Делта сојот да влезе брзо кај нас и да предизвика смрнтост. Од она што сега го слушам смртноста е 60%. Како една од причините ќе ги наведам дозволите за реалзиација на свадбите во затворен простор. Тука, секако е неисполента зконска обврска да има протоколи. Продолжува трендот секој доктор да си лекува по свое. Ние сме земја која има многу стратегии и планови за протоколи, па дури и кога ги има ни властите не ги почитуваат, вели д-р Пановски алудирајќи на големиот број на функционери кои на отворањето на новиот трговски центар во Скопје влегоа без заштитни маски.

-Ако гледавте отворање на Ист Гејт, целото раководоство влегоа без маски. Ако следевте предизборна кампања и спотот на опозиционата партија, во тој спот 70 луѓе од кои 10 тина доктори од кои еден епидемиолог кој сега стана градоначалник се без маски, а знам дека спотот се снима најмалку три часа. И сега тие со кој образ ќе казнуваат, ќе бараат сертификати? И власта и опозицијата со вакви потези не добија казни за тоа, ја срушија стратегијата за превенција. Замислете каде сме стигнати. Толку доктори немаат смелост на лидерот да му кажат дека ова несмеат да го прават, а они одат и се сликаат, вели Пановски за Студио 10.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.