Доктор Злате Мехмедовиќ од Здравствениот дом во Скопје во изјава за Канал 5 телевизија вели дека третата бустер доза создава отпорност кога е во прашање сојот омикрон, како и тоа дека е рано да се размислува за четврта доза.

Двете дози создаваат „ѕид”, а третата само го зајакнува. Постојат повеќе сценарија, во кои што омикрон се следи. Сепак, тоа е нов сој и следењето на каратеристиките може да изреализира неколку сценарија, објаснува Мехмедовиќ.

Во меѓувреме, соседна Грција им забрани влез на затворено на сите возрасни граѓани над 60 години кои немаат примено трета доза вакцина, а мерката важи и за туристите.

Кај нас, и понатаму на сила е мерката за задолжителни две дози вакцина за влез во трговски или угостителски објекти, а најновата варијанта на ковид, сојот омикрон, се уште не е забележан во земјава.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.