Докторот по општа медицина, Ненад Лазаров смета дека не сите заразени лица се во изолација. Тој посочува и примери каде лица наместо да седат дома одат на концерти.

Епидемиологија го продаде кучата. Имаме недијагностицирани и неизолирани пациенти исто колку што имаме дијагностицирани и изолирани, си гледам пациенти после една недела од температури си одат по концерти лабаво наместо изолација, весело само…“, напиша д-р Лазаров.

Тој и претходно реагираше бидејќи спроед него, немало доволно ковид тестови.

Посипица е на терен од болни со негативен тест за ковид а безмалку полна ковид симптоматологија. Паралелно има и бран на многу “налик грипозни” болни, преполовен персонал насекаде… Бајачи не сме да диференцираме од око на кој што му е, тестови нема, уморни сме сите! Ова веќе е невидено и пак ќе резултира со жртви, комисија за заразни болести, министер, АЛО, план некаков, стратегија некаква…“, напиша д-р Лазаров.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.