Д-р Јанко Николиќ Жугиќ, интернационално познат имунолог и геронтолот од Медицинскиот универзитет од Аризона, кој и беше прогласен за истражувач на годината во областа на биолошките науки во Аризона, предупредува дека невакцинираните играат „руски рулет“ со корона вирусот.

Тој вели дека голем дел од популацијата може да остане со трајни последици од овој вирус.

Вакцините, особено оние кои ги истражувавме, Фајзер и Модерна, се покажаа како многу ефикасни кај старите лица, вели докторот.

Тој вели дека постојат два вида на популација во време на оваа пандемија, вакцинирани и невакцинирани.

Вакцинираните се заштитени ако се разболат, односно ќе имаат блага форма на болеста, невакцинираните се комплетно изложени на малигна форма на вирусот, вели д-р Николиќ Жугиќ.

Последиците од долгиот ковид може да бидат страшни, додава тој.

Гледав колеги како не можеа да функционираат, 18 месеци не можеа да излезат од дома без боца кислород, не можеа јасно да зборуваат, вели докторот.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.